2win800x200

Милевски објави дека како министер годинава обезбедил 7 милиони денари за пречистителната станица на Пелистер

Ноември 30, 2022
За време на мојот мандат како министер, оваа година, одобривме 7 милиони денари за завршување на прочистителната станица за собирање и прочистување на отпадните води од комерцијалните објекти на Пелистер, објави екс министерот за локална самоуправа Горан Милевски честитајќи годишнина на Националниот парк Пелистер.
Проектот кој беше започнат во 2005 година од тогашниот министер за животна средина Зоран Шапуриќ од ЛДП со поддршка од Швајцарската Влада, а за жал прекинат веднаш по смената на власта во 2006 година, од лукративни причини на поединци.
Истите тие кои тогаш го прекинаа проектот и ги избркаа швајцарците за да можат во тоа време да ја сечат нелегално и немилосрдно шумата на Пелистер, се денес и мои најголеми критичари преку лажни профили на социјалните мрежи.
Но сега заедно со Општина Битола која исто така вложува 7 милиони денари преку Пелагонискиот плански регион ќе ја заштитиме планината од загадување еднаш за секогаш.
Мило ми е што ЛДП ја започна и со помош на ЛДП ќе се заврши заштитата на нашиот Пелистер.
Времето ќе покаже кој колку помогнал за овој град и за Пелистер!
Само со заеднички сили може да направиме многу повеќе за Битола. Од омразата и плукањето градот не добива повеќе, само со работа, заеднички без суети и со добри проекти.
Нека е честита денешнава годишнина од формирањето на НП Пелистер!, објави Милевски на својот Фејсбук профил.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани