АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 29 ноември 1943 г. во градот Јајце, Босна и Херцеговина, се одржало Второто Заседание на Антифашистичкото Собрание (Веќе) на Народното Ослободување на Југославија (АВНОЈ).
АВНОЈ било највисоко политичко и претставничко тело на антифашистичката борба. Меѓу делегатите имало членови и приврзаници на Комунистичката партија на Југославија, на Хрватската селанска партија, на Муслиманската заедница, од Партијата на христијански социјалисти, од Партијата на самостојни демократи, од Радикалната партија, од Српската земјоделска партија... Имало и делегати од Македонија, не тие не биле присутни на Заседанието. Со заседанието претседавал Иван Рибар, а во работното претседателство биле: др Јосип Видмар, др Павле Грегориќ, др Воислав Кецмановиќ, лекарот Иван Милутиновиќ, православниот свештеник Владо Зечевиќ, лекарот Златан Сремац, Сулејман Филиповиќ и Сретен Жујовиќ. Со своите решенија ја конституирале нова Југославија како федеративна држава составена од шест републики, на пет нации.
Со тоа се прекинал континуитетот со Кралството Југославија, во кое не било признато постоењето на македонскиот народ.
Македонија била прогласена за држава конститутивна членка на југословенската федерација. Се донеле одлуки со кои биле конституирани највисоките органи на државната власт на Демократска Федеративна Југославија, односно бил формиран Национален Комитет за Ослободување на Југославија како највисок извршен орган на власта, односно како орган за да ги извршува одлуките на АВНОЈ до формирањето на влада по ослободувањето на земјата. Ги имало сите прерогативи и овластувања на Привремена влада на ДФ Југославија. Освен претседателот Јосип Броз Тито и тројцата потпретседатели, имало повереници што ги раководеле одделните поверенства што извршувале задачи на извршни ресорни органи на власта. За потпретседатели на АВНОЈ биле предложени Димитар Влахов и Владимир Поптомов, кој не ја прифати функцијата. Одлуките на Второто заседние на АВНОЈ биле основа за конституирањето на Македонија како посебна држава во југословенската федерација.