АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод 5 Декември – Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар – Битола во склоп на проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ организираше јавна дискусија „Волонтирање на фестивали vs. волонтирање во заедницата“. Целта беше да се разговара за предизвиците и трендот на младите да волонтираат на фестивали и да се дискутираат различните методи и алатки кои можат да ги мотивираат младите како да се активираат во волонтирање во заедницата. На дискусијата беа презентирани искуствата на граѓанските организации, општина Битола, јавни институции и волонтери за ангажман на волонтери во своето работење. Беше истакната заложбата за унапредување на системот за квалитетен волонтерски менаџмент во организациите како основа за подолгорочен ангажман на волонтерите и нивно задржување за волонтирање во заедницата.
„Сакаме да видиме како да го подобриме системот на квалитетен волонтерски менаџмент за младите кои се активираат за волонтирање на фестивали, како да ги задржиме, како да имаме континуирани активности во текот на целата година за да може младите да придонесат за доброто во локалната заедница. Тоа е еден предизвик со кој граѓанските организации се соочуваат во последен париод, имаме голем интерес за младите да волонтираат, но тоа се претежно ад хок активности, кракорочни, сакаме да дадеме поттик да организираме програми кои ќе значат активирање во текот на целата година“, рече Златко Талевски од МКЦ.
Марија Мерковска- Крушаревска, координаторка на проектот, рече дека важно е да се мотивираат младите да волонтираат во слободното време, а на тој начин да ги зајакнуваат личните знаења и вештини.
„Сакаме да иницираме да се развие повторно волонтерството кај младите во заедницата. Да ги мотивираме повторно да се вклучат во волонтирањето во заедницата, со цел да ги развијат своите вештини и активности, но и да го дадат својот придонес во развојот на заедницата во своето слободно време“, рече таа.
На настанот се додели и националната награда „Златен сертификат за волонтерство во 2022 година“ што од 2006 година, традиционално ја доделува Младински културен центар – Битола. Златен сертификат за волонтерство 2022 година добија Димче Каневче – активист, хуманитерец и волонтер од Охрид и „Кромберг и Шуберт“.
Каневче поддржува институции за стари лица и за деца, поддржува семејства и поединци, подава рака секаде каде што е потребно, обединува бизниси и поединци од цела држава и надвор од неа. Димче има иницирано и поддржано многу донации и акции за донирање на училишен прибор, облека, обувки, очила, организација на тематски детски родендени, илјадници дневни оброци, постелнини, компјутери, телеизори. Негова карактеристика се добротворните журки кои ги организра и со кои придонесува за видливо подобрување на условите за функционирање онаму каде што е најпотребно.
„Наградата многу ми значи бидејќи цел живот волонирам и покрај сите професионални обврски помагам на социјално загрозени лица и други категории кои се справуваат со проблеми во секојдневното живеење. Ова е поттик голем за понатаму да се работи, посебно ми е драго што наградата доажа од МКЦ си кои сме биле колеги“, рече Каневче.
Златен сертификат за волонтерство 2022 се додели за волонтерската акција „Крошу шума“ на Кромберг и Шуберт. Кромберг и Шуберт е компанија која во ноември 2022 година ја реализира волонтерската акција во која 5300 вработени засадија 5300 садници во областа Бел Камен - Крклино.