АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Методи Петровски, млад талентиран творец, отвори ликовна изложба во Офицерски дом Битола. Се претстави со дванаесет дела со мотиви од мртва природа и портрети насликани со акрил техника. Методи е ученик во прва година во средното училиште САБА. Љубовта кон уметноста ја развива од рана возраст, а сликарските техники ги изучувал кај ликовниот уметник Димитар Димитров.
Оваа година посетува часови кај уметникот Димитар Солак. Изложбата беше дел од настанот ,,Волонтерството како водич за создавање на поубав свет'', по повод светскиот ден на волонтерството, во организација на Црвен крст Битола.