2win800x200

125 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Декември 08, 2022
 
Денеска во времето од 10:00-14:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 125 возачи. Од нив 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 28 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 
 
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани