АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Оваа година по триесет и трети пат училиштето „Св. Климент Охридски“ го одбележа својот патрон празник.
За таа цел се реализира посебна пригодна програма која беше поделена во два дела. Во утринската програма која се одржа во просториите на училиштето, Стручните активи се вклучија во одбележувањето на Денот на училиштето преку ликовни работилници, музички и сценски настапи, пишување на пароли, видео презентации и спортски активности кои беа во склоп на мотото „Да си подадеме рака“.
Во вториот дел од одбележувањето на Патронатот во присуство на претстваниците од Општина Битола, гостите од збратименото училиште „Григор Прличев“ од Охрид, поранешни и сегашни наставници, родители и ученици во преполната сала на НУ Театар-Битола, под раководство на своите ментори учениците се претставија со свои точки. На сцената свои точки имаа хорот и оркестарот на училиштето, драмската и балетската секција, рецитал, а публиката имааше можност да ги чуе и види наградените ученици од литературниот и ликовниот конкурс.