АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 1 јануари 2023г ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија по одлуката на Владата како антикризна мерка, кое почна во декември 2022г.
За снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта (сега се вкупно 374), 57 фирми од прехранбената индустрија (сега се вкупно 244) и 6 водостопански претпријатија (сега се вкупно 57) .
Со тоа, вкупниот број на субјекти кои ги снабдува ЕСМ Продажба по оваа владина одлука изнесува 675.
Во нив, потрошувачите од прехранбената индустрија добиваат електрична енергија по 80е/MWh, а училиштата и водостопанствата по 95е/MWh.
До 20 јануари е рокот за пријавување за снабдување од 1 февруари 2023г, за субјектите кои од различни причини досега не поднеле документи или поднеле некомплетни документи за субвенционирано снабдување.