ЛДП потсетува дека пред три години, точно во ова време, Поинаку организираше протести за чист воздух. Го пренесуваме интегрално фб стстусот на ЛДП
Медиуми, транспаренти како ,, Сите ќе умреме ", ,,Битола сака да диши", ,,Воздухот е загаден", доминираа на протестите.
Сеуште се свежи и сеќавањата на клетвите упатени кон поранешни функционери од локалната власт, а сето тоа беше прикажано како неспособност на власта.
Денес се покажа дека сето тоа било само обична борба за власт затоа што:
Сегашните програми за чист воздух се финансиски послаби од тие пред три години.
Нема ниту една конкретна мерка, односно ништо не се работи и не се презема за подобрување на состојбите.
Затоа јавно прашуваме:
Кога, во кое време и саат е закажан протестот на Поинаку ?
Ќе дојдат ли луѓето од Детската амбасада ?
Ќе има ли вонредна седница на совет и кога е закажана ?
⁉️Ќе има ли барем една единствена мерка што ќе ја преземе општина Битола, па макар тоа било и обично соопштение?
( Сликите под текстот се од два дена.
Тие со маглата се од денес, а се разбира протестот е од пред три години.)