АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Блокот беше плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста на постројката. Минатата година, за разлика од претходно, не се извршија класични ремонти на блоковите во летниот период кои предвидуваат запирање на производството од најмалку еден месец заради актуелната енергетска криза во која се наоѓа државата. Наместо тоа, се интервенира на позиции утврдени од стручни лица во комбинатот кога ќе се укаже можност за тоа или кога е неопходно заради зачувување на стабилноста на постројките, велат од ЕСМ.
Најавуваат дека согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола, во текот на следната недела ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола.
-На Блок 2 ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои е планирано да траат десетина дена, посочуваат оид ЕСМ.