2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СВР Битола со превентивни активности во Битола и во Ресен

Февруари 02, 2023

Секторот за внатрешни работи Битола на подрачјето на градот продолжува со интензивна реализација на новата превентивна кампања – „Безбеден град - безбедна заедница“.

 
 Притоа и денеска, полициски службеници од криминалистичката полиција, од Полициската станица од општа надлежност Битола и од сообраќајната полиција остварија средби со граѓаните од повеќе урбани и месни заедници во градот. Во рамки на непосредната комуникација со граѓаните се разговараше за сите потенцијални проблеми со кои што може да се соочат граѓаните, како на пример, проблематиката со имотните деликти, почитувањето на сообраќајните правила и прописи, пред сѐ во поглед на паркирањето и друго. Особено беше нагласена потребата од заедничка комуникација и соработка за навремено детектирање и заедничко превенирање на сите прашања што ја тангираат заедницата. Исто така, во рамки на СВР Битола полициски службеници од Полициската станица Ресен вчера (01.02.2023) реализираа заедничка превентивна активности со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа на повеќе локации во Ресен полициските службеници во разговор со возачите, а под мотото – „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Секој повик може да почека“, укажуваа на проблемите и опасностите од користењето на мобилните телефони при возење, како од аспект на прекршување на сообраќајните прописи така и од аспект на личната и на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани