2win800x200

Во ООУ„Гоце Делчев“ Битола достоинствено одбележано раѓањето на великанот Гоце Делчев

Февруари 03, 2023

Во основното општинско училиште „Гоце Делчев“ – Битола се одбележа денот на раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев. Учениците положија свежо цвеќе на бистата на македонскиот револуционер, а почит му одадоа и директорот на училиштето Наташа Ставревска и дел од наставниот тим.

  Големиот македонски револуционер Гоце Делчев е роден на денешен ден, 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

  Делчев се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

  По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков.

  Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани