(ВИДЕО)Чуден звук проследен со светлина ноќеска забележаа битолчани

Февруари 03, 2023

Невообичаено силен звук проследен со светлина забележаа битолчани ноќеска нешто пред 4 часот.

На оваа појава и претходеше силен ветер, а  татнежот многумина ги разбуди од сон, затоа што таков звук често се случува при земјотреси. Но, не е регистриран потрес во тоа време.

Некои  од граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека  станува збор за силни грмотевици. Други пак дека првпат гледаат ваков феномен додека врне снег да удираат громови. 

Оваа појава е регистрирана на  безбедносна камера, а видеото е поставено на Јутјуб каналот everyday things

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани