2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Блок 1 во РЕК Битола утрово исклучен поради сервисни активности, нема увоз на струја, соопштија од Државните електрани

Февруари 07, 2023

Утрово Блок 1 на РЕК Битола е исклучен од мрежа заради интервенции во цевкодниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот.

Се очекува блокот да биде ставен во функција во следните 24 до 48 часа.  

-Потсетуваме дека заради енергетската криза во која се наоѓа земјата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на блоковите не се изведуваат како што вообичаено тоа се прави, со застои на производствениот процес на блок во период од 60 до 90 дена. Сите неопходни зафати во овој период се прават кога се апсолутно неопходни или кога ќе се укаже можност за тоа. Блок 2 и Блок 3 на РЕК Битола во моментов работат без проблеми. Ремонтни активности на Блок 2 се предвидени за следната недела. 

За сиот овој период, АД ЕСМ ги задоволува потребите за електрична енергија на конзумот со производство од останатите свои капацитетите. Увоз на електрична енергија нема, соопштија од ЕСМ

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани