АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И покрај тоа што Извршниот одбор и Собранието на ЗП Битола донесоа заклучоци во тековната 2023 год Здружението да не постредува при набавката на огревно дрво за пензионерите од познатите причини што за 2022 год имаше огромни проблеми при испораката на огревното дрво од страна на операторите- - превозниците, заради големиот интерес на пензионерите да не се прекини посредувањето при набавката на огревново дрво, деновиве во ЗП Битола се одржа состанок на ИО со генералниот директор на Национални шуми Валентин Груевски. На него се разгледаа можностите за престојната грејна сезона пензионерите да можи да се снабдат со огревно дрво со плакање на рати.
На состанокот претседателката Даница Петличкова го запозна директорот Валентин Груевски со проблемите што се почуствуаа со нередовната достава на огревните дрва , која дефинитивно заврши во првата недела од февруари, наместо на 30.09. 2022год како што беќе предвидено до договорите.
Директорот во своето излагање изнесе дека Петличкова вложуваше напори пензионерите да ги добијат дрвата според договорите. Исто така, тој нагласи дека Национални шуми распишуваат тендер за оператори- превознивци и им продаваат договорени количини на огревно дрво и понатаму нема контрола каде и како и по која цена ке ги продаваат договорените количини на огревно дрво.
Со други зборови, Нациинални шуми не може да им гарантира на ЗП Битола нити за навремена испорака, нити за висината на цената, ниту за квалитетот на огревното дрво. Меѓутоа во текот на годината се случи зголемување на цената на дрвота со одлука на влада од 20%.За да се избегне тоа зголемување беше договорено ЗП Битола да ги исплати во целост паричните средства на операторите поради задржување на договорената цена.
За ваквата постапка за задржување на цената на огревно дрво, ЗП Битола , односно сите пензионери кои имаа запишано огревно дрво треба да бидат благодарни на заложбите на директорот Валентин Груевски.
Мора да се потенцира дека и пред наведеното зголемување од 20% на цената на огревното дрво, операторите побаара цената да порасне за 200 ден по просторен метар. Но, после долги преговори со истите, се прифати зголемување по 100 ден по просторен метар кое го подмири ЗП Битола од редвните средства за работа.
По долга дискусија се донесе заклучок за можноста за посредување при набавка на огревно дрво да се одржи состанок со оператотите кои ќе го добијат тендерот од Национални шуми.