2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Државните електрани вчера произведоа 21.611 мегаватчаса електрична енергија, најголемо дневно производство во последните 10 години

Февруари 10, 2023

Вчера, 9 февруари 2023г., АД ЕСМ произведе 21.611MWh  електрична енергија, што е најголемо дневно производство во последните 10 години, соопшти генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски на заедничката прес конференција со министерот за економија, Крешник Бектеши. 

2021 jan 2023 jan

 

Во моментот АД ЕСМ работи со сите капацитети, и ги задоволуват потребите за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања. 

 

2022 2021

АД ЕСМ на почетокот на годината произведе 40% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани.

 

 2022 jan 2023 jan

,,Во периодот од 1 јануари до 8 февруари 2023г. АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 720.369MWh електрична енергија, што е за 40% повеќе споредено со истиот период во 2022г, а дури 86% повеќе од истиот период во 2021г.Планот за производство за 2023г. заклучно со вчерашниот ден се исполнува 102,3%.

d22f3318 5a86 4cfe 840d 32018b971594

Позитивните резултати во 2023г. се должат на зголемениот ангажман на вработените во АД ЕСМ и поддршката од Владата и економските ресори, како и зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, и подобрената хидрологија”-рече директорот Ковачевски.

 

 f19d2224 d68c 49b2 95cc 39ae325b0c25

Сите потребни енергенси, јаглен, мазут и гас се набавени, од истите има залихи и има редовни дневни испораки од добавувачите по тековните договори.

 

ЕСМ Продажба, надвор од дополнителните снабдувања на витални институции и субјекти по задолженија од Владата, снабдува и 64 потрошувачи на слободниот пазар по пазарни цени на електричната енергија, но со значајно помала маржа

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани