АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Долно Оризари и Карамани како и делови од Битола се без струја поради дефект на трафостаницата „Битола 3”. Така беше околу два часа и синоќа. Според читатели на Апла.мк во овие населени места се без струја повеќе од 22 часа.
Од ЕВН Македонија за МИА информираат дека екипите веднаш излегле на терен, но дека дефектот е комплексен.
– Снабдувањето со електрична енергија се нормализираше уште вчера, а дел од корисниците, за жал, се уште се соочуваат со прекин во снабдувањето бидејќи дефектот е многу комплексен. Екипите се уште работат на санација на овој дефект од посериозни размери, соопшти Вјоса Селими, портпарол на ЕВН Македонија.
Се очекува во текот на денот снабдувањето со електрична енергија да се нормализира.