АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„На територија на СВР Битола во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 04.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 46 возачи“, соопштија од МВР.
Ккао што велат оттаму, за време на контролата биле санкционирани и 42 останати прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.
Фотографијата што ја споделува МВР покажува дека возач бил фатен со 2,41 промили алкохол во крвта, а било контролирано во 3 часот и 41 минути.