2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

МВР -СВР Битола со предупредување: Внимавајте, лажни електронски пораки се испраќаат во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки

Февруари 13, 2023

Граѓани добиваат електронски пораки дека наводно во име на министерот за внатрешни работи во соработка со полициската канцеларија на Европол, се повикани да се јават на суд за измислени кривични дела кои никогаш не ги сториле. МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот. Притоа, во испратените мејлови, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку Вибер линк.

- Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани. Исто така, предупредуваме да не ги отворате линковите и датотеките кои се испратени во прилог на е-мејл пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер. Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот, апелираат од МВР

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани