2win800x200

Битолските спасувачи утрово се вратија од Турција, градоначалникот Коњановски ги награди со по една просечна плата

Февруари 14, 2023

Битолските спасувачи Петар Нолев, Зоран Балуловски, Владо Николовски, Петре Илиоски и Игор Радичовски, утрово се вратија од турскиот град Адијаман, каде заедно со другите спасувачки екипи работеа на пронаоѓање и спасување на евентуално преживеани луѓе и извлекување на жртвите, после катастрофалниот земјотрес што се случи минатиот понеделник. Во спасувачката акција, се вклучиja веднаш после 30 часовното патување, соочувајќи се со тешки состојби и огромна тага во разрушениот турски град. Сепак, желбата да се помогне во спасувањето на човечки животи, велат, беше  доволно силна, да се работи се додека за тоа постои надеж.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој денес ја пречека спасувачката екипа во својот кабинет, заблагодарувајќи им се за нивната хуманост и пожртвуваност, спасувачите ги награди со по една просечна плата.

-Нема зборови со кои може да се искаже големината на овие наши луѓе и нивното херојство. Битола е горда, што има вакви луѓе, обучени за брз одговор за спасување од планина и високи објекти кои можат и сакаат своето знаење и подготвеност, да ги употребат за најхуманата работа - спасување на човечки животи. Големо благодарам за се што направија и за нивната подготвеност, секогаш да бидат на висина на задачата и професионално да одговорат“, рече градоначалникот Коњановски на денешната средба со битолската спасувачка екипа.

Минатата недела на иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, а со едногласна поддршка од сите советници, на вонредната седница на Советот, општина Битола, од буџетот издвои 500.000 денари како помош за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани