Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Битола активно се вклучија во химанитарната акција „Од дете за дете“ со донирање на парична помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.
На иницијатива на Советот на родители, а со поддршка на вработените од училиштето, учениците со своите родители дадоа голема поддршка на акцијата, во која исто така масовно се приклучија и настваниот кадар и останатите вработенби при основното училиште.
Акцијата се спроведе во периодот од 20 до 22 февруари 2023 година. Беа поставени четири картонски кутии за собирање на парични средства , во сите четири згради по една.
Комисија составена од претставници на Советот на родители , наставници и ученици ги утврди собраните парични средства и ситите беа усплатени на донаторска сметака во банка во вредност од 50 214 денари.
Основното училиште „Гоце Делчев“ исакажува голема благодарност до Советот на родители, , учениците, родителите и сите вработени за масоното поддржување на хуманитарната акција со донирање парична помош за настраданите во земјодтресот во Турција и Сирија.