2win800x200

Саниран дефектот на цевниот систем во градинката "Колибри" во Стрелиште

Февруари 24, 2023

Екипи од општина Битола заедно со претставници на фирмата задолжена за одржување на инсталации за греење на општинските објекти, излегоа на терен при што отстранет е дефектот на цевниот систем во градинката "Колибри".

На системот во објектот на училиштето не е констатиран дефект, но ќе се спроведат целосни испитувања за време на викендот, имајќи предвид дека станува збор за систем стар околу 40 години.

Прекин во греењето на просториите на училиштето и градинката нема да има и од понеделник, наставата продолжува во соодветно затоплени простории за учениците во училиштето, како и за згрижување на децата во градинката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани