2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: Оваа локална власт и градоначалникот Коњановски лани потрошија 30 милиони евра, а битолчани не видоа себап

Март 07, 2023

На денешната седница на Советот на Општина Битола на која на дневен ред беа Годишниот извештај и Завршната сметка на Општина Битола за 2022 година, опозициската СДСМ обвини дека оваа локална власт потроши 30 милиони евра буџетски пари, а проектите не се реализирани.

-Од завршната сметка, извештајот за работата на општината за 2022 година и кварталниот извештај се гледа дека во минатата година Општина Битола потрошила над 30 милиони евра што е најмногу досега . Според бројките во кварталниот извештај и извештајот за работа се гледа дека Општината има помалку приходи отколку што потрошила, односно потрошила скоро 3 милиони евра повеќе отколку што собрала пари во буџетот. Разликата е надоместена со тоа што ги трошеле парите од минатото кои ги наследија на жиро сметките на Општината. Следно што е важно за приходите е дека наменската дотација, за градинките, за училиштата, пожарната, зоолошката и другите приходи кои доаѓаат од Владата се најголеми досега. Како никогаш досега за наменската дотација се префрлени над 14 и пол милиони евра. Џабе се жалопојките на сегашната локална власт дека Владата не ја подржува Општината. Бројките покажуваат дека за овие триесет години, во 2022 година во Општина Битола се дојдени најмногу пари од Владата. Во 2022 година и од трансфери и приходи кои ги собира државата, а ги префрлува на Општината има највисоки приходи многу повеќе отколку кога градоначалник беше Наташа Петровска и СДСМ. Затоа не држат критиките дека Владата ја пречи општината туку напротив неспособноста ,а особено трошењето на парите ненаменски ја носат општината во банкрот. Парите на битолчани сега се трошат во најголем дел за разни трансфери, договорни услуги, плати за времено вработени, семинари и патувања во земјата и странство, ресторански услуги и слично а многу помалку за улици, за објекти, за училиштата. Ако СДСМ и коалицијата се однесуваа како вас ќе го немаше ни Офицерски во кој покрај парите од Европска Унија се вложија 300 илјади евра од Општина Битола, ќе немаше нити трибина на стадион, нити ќе се дозавршеше Кино Манаки, нити ќе се средеа училиштата,ниту ќе се одблокираа сметките на училиштата. Ама за Вас чесното работење е неисправно. Во минатата година парите во буџетот се потрошија, а не се успеа да се завршат проектите кои ги остави Петровска, а не се започна ниеден нов проект.  Затоа слободно може да се рече дека овој е градоначалник кој за една година, само за 2022, потрошил најмногу пари, над 30 милиони евра, а има најслаби резултати за тоа треба да се сноси одговорност, бидејќи градоначалникот и тие што го подржуваат расипнички се однесуваат кон буџетот на општина Битола и кон парите на граѓаните, рече советничката Јадранка Павловска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани