АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола го објави јавниот повик за поддршка на проекти и програмски активности на граѓански организации и фондации, во кој годинава се става посебен акцент на еднаквите можности на мажите и жените. Во овој контекст, покрај добриот организациски капацитет, влијанието врз целните групи, одржливоста и соодветно изразените активности во буџетот, проектните цели, активности и резултати, треба да бидат насочени кон економско јакнење на жената, еднакви можности на мажите и жените во образованието, социјалната заштита и другите аспекти на човековото живеење.
Пријавите со предлог проектите од граѓанските организации и фондации, заедно со комплетната документација, може да се доставуваат до 15 март, во архива или по пошта на адреса: Општина Битола, Булевар „1-ви Мај“, бр.61 со назнака: Пријава за јавен повик за здруженија на граѓани – Комисија за финансии и буџет во Советот на општина Битола.
Повеќе информации за јавниот повик, потребната документација и начинот на аплицирање, достапни се на следниот линк:https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-ednakvi-moznosti/