2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ОУ "Коле Канински" организираше низа настани и активности по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром

Март 22, 2023

По повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, ОУ "Коле Канински"  реализираше  низа настани и активности.

Вредните и талентирани ученици од одделенска настава, водени од нивните ментори, се претставија со многу ентузијазам и креативност под мотото „Со нас, не за нас“.

 
За настанот беа подгитвени  различни музички точки, настапија танцови групи, беа организирани  модни ревии, претставени изработки на прекрасни маички, разновидни беџови, и многу други забавни активности. 
 
Од страна на наставниците по физичко и здравствено образование во ова  училиште во текот на минатата недела беа организирани повеќе спортски натпревари: ревијален одбојкарски натпревар со ученици од ОУ„Стив Наумов“, ревијален фудбалски натпревар со ученички од 3, 4 и 5 одделение  од ОУ„Тодор Ангелевски“ и повеќе спортски активности со ученици од 1 и 3 одделение од  училиштето "Коле Канински" реализирани на часовите по физичко и здравствено образование.
 
-Наша  цел е да ги поддржиме лицата со Даунов синдром и заедно со нив да ја подигнеме свеста на заедницата за важноста на инклузивното образование и еднаквите права за сите", велат од ОУ "Коле Канински"-Битола
 
Сите  активностите и настаните во целост беа поддржани од Општина Битола, а  присуствуваа и гости од Здружението „Порака нова" - Струга и од  ЦПЛИП Порака - Битола
 
FB IMG 1679471038316
 
FB IMG 1679471041358
 
FB IMG 1679471044670
 
FB IMG 1679471047246
 
FB IMG 1679471052934
FB IMG 1679471056480
 
FB IMG 1679471059501
FB IMG 1679471070634
 
FB IMG 1679471079027
 
FB IMG 1679471085172
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани