АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за набавка на инвертер клима уреди за 2023 година.
На следниот линк,
https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-inverter-klima-uredi/,
граѓаните може да го прочитаат Јавниот повик во кој се дадени условите за аплицирање и Изјавата, која апликантите треба да ја заверат на нотар, дека не користеле субвенции за инвертер клима уреди од претходните јавни повици објавени од страна на општина Битола.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Граѓаните кои ќе аплицираат на повикот, до понеделник 03.04.2023 година, кога и официјално ќе започне електронското аплицирање, треба да креираат сопствен профил на платформата мЗаедница (https://mzaednica.mk/)
Фискалната сметка за купениот инвертер клима уред, мора да биде со датум и час по објавувањето на Јавниот повик на електронските гласила на општина Битола (веб страница и фб профил), односно од 29.03.2023 година, после 11.30 часот. Сите фискални сметки издадени пред овој датум и час, нема да бидат разгледувани од страна на комисијата.