2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Илинденски денови“ доби награда за најдобар настан на државна институција за 2022 година

Март 29, 2023

Стручно жири на BEAM - Best Event Awards Macedonia и нивните организатори, на фестивалот „Илинденски денови“ во организација на НУ Центар за култура Битола му додели: ,, Награда за најдобар настан на државна институција за 2022 година" .

„Ова е награда која ја посветувам на сите вработени во НУ Центар за култура Битола со акцент на Валентин Соклевски кој околу 40 години е најзначаен дел од овој фестивал, Љупка Стефановска Битола и публиката без која ништо и никогаш нема да ја има истата тежина. Наградата ја посветувам и на моето семејство кое изминатите пет години , не ме гледа со денови дома, и ми е најзначајната логистичка поддршка за се што правам, особено за фестивалот Илинденски денови, кој го доживуваме како да сум на 15 дневен маратон“, објави Маја Андоновска-Илијевски на својот ФБ профил. 
 
338383111 229397476319922 6032529969386848412 n
Таа потсети дека 52 издание на Фестивалот кој го слави фолклорот и традицијата понуди 13 фестивалски денови , во кои Битола стана една светска крстосница на култури, народи, бои, ритми, јазици, а секое ќоше на Широк сокак, Старата битолска чаршија, Хераклеа, градскиот парк, нудеја различни доживувања кои низ бројки и факти би изгледале вака:
-61 настан во офф и генералната програма на фестивалот
-1.300 учесници и гости
-8 земји учеснички и тоа вкупно 36 ансамбли од кои 26 ансамбли од Македонија,останатите од Шпанија, Мексико, Колумбија, САД, Полска, Италија, Србија
-3 паралелни сцени и целиот град претворен во отворена сцена за настап
-9 концерти на интернационалните ансамбли на платото на Офицерскиот дом Битола и на плоштадот Магнолија наречени -Фолклорна прошетка низ светот
-3 Целовечерни концерти и тоа: -Концерт на Ансаблот на македонски народни игри и песни ,,Танец" и Влатко Стефановски во Херајлеја,
-Мултимедијален проект за градската култура-изложба и концерт во изведба на ансамбл Македонија Скопје, и Танцовиот театарски перформанс Популус на авторот Филип Петковски
-Во рамките на официјалните вечери се
-7 Изложби
-Неколку проекти од издавачка дејност
-Семинар на традиционална музика и игра
-Мастерклас на Американски фолклор
-Детска ликовна работилница на тема Народната култура -трајна инспирација која траеше 3 дена , ја посетија над 50 деца
- секојдневни дефилиња по Широк сокак од кои најголемо со 52 годишна традиција е дефилето на свеченото отворање кое Широк сокак го претвора во фолклорна разгледница
-Фестивалот Илинденски денови стана организатор на Интернационалниот етнографски филмски фестивал, кој прикажа 11 филмски наслови од кои 6 беа долгометражни. Селектор на фестивалот е познатиот македонски новинар кој живее во Франција, Тони Гламчевски и кој заедно со својата сопруга таму организираат филмски фестивал кој ги надмина нивните национални граници. Оттука и сериозноста на овој проект, кој со таа поддршка оттаму, дава сериозни намери и за локалната домашна филмска продукција да го негува етно жанрот, зошто конечно истиот доби и свој фестивал .
-280 интервјуа и објави по медиумите
-500 постови на социјалните медиуми
-Илјадници фотографии и часови продуцирани видео материјали. Нови спомени за историјата…Фестивалот ќе остане запаметен по огромна бројка на млада публика, нешто што било реткост на овој стар Фестивал.
337993870 182994341169477 8432732369617365342 n
 
„Ова е фестивал кој привлекува публика не само од Битола и регионот, туку по него носталгично копнеат и нашите иселеници, за кои специјално ја пренесувавме во живо на интернет атмосферата од Дефилето по Широк Сокак, свеченото отворање и затворање на фестивалот. Ова е фестивал кој потсетува дека културата е најголемиот амбасадор, и ги надминува сите граници, јазични и религиски бариери, ова е фестивал со кој израснале генерации и генерации битолчани, фестивал кој ги надмина сите предизвици, вклучително и Корона предизвикот кога светот застана, но ние не дозволивме фестивалот да застане... се случувал и ќе се случува, затоа што кога се помислува на лето во Битола, во асоцијацијата нераскинливо се врзува и фестивалот Илинденски денови. На крај би констатирале дека 52 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри ,,Илинденски денови" отвори нови хоризонти за развој и афирмација, како и успешна презентација и заштита на меѓународното и домашното нематеријано културно наследство“, напиша Андоновска-Илијевски. 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани