АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Подмладокот од генерацијата 2012 на ФК Пелистер од Битола незапирливо нижи нови успеси, победи и достигнувања. Најголемата генерација со педесетина талентирани млади фудбалери се вистинска гордост на тренерите Горан Пашовски и Љупчо Тодоров.
Нивниот најнов предизвик е турнирот „Еден на еден“ во Могила каде влегоа во четврт финале, а надежите за освојување пехар се сосема реални. Минатиот викенд учествуваа на меѓународниот турнир Next level во Охрид заедно со 1200 млади фудбалери од генерациите 2010 до 2015 и го освоија второто местоа на ниво на Македонија. Пред еден месец овие талентирани деца ја претставуваа Битола на еминентен туринир во Макарска, Хрватска, а кон крајот на мај генерацијата 2012 во Детската лига на ФФМ се пласираа на четвртото место во државата.
Фотогалерија од младите таленирани деца од Школата на ФК Пелистер генерација 2012
фото: Јован Наумовски