Петровска се сретна со раководството на ФК Пелистер и навивачката група Чкембари

Јули 13, 2021

 

 
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, оствари средба со претставници на навивачката група Чкембари  и со дел од раководните структури на ФК Пелистер. 
 
Тема на разговорите беше актуелната состојба во ФК Пелистер и проблемите со кои клубот се соочува.
 
Градоначалничката Петровска посочи дека од страна на општината ќе бидат преземени потребните чекори со кои ќе се овозможи предвремена исплата на обезбедените финансиски средства од буџетот на општината кон клубот, во насока на негова стабилизација.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани