2win800x200

„Нискоградба“ со еколошка технологија за санација на оштетувањата на коловозните конструкции

Јуни 19, 2023
Во соработка со Градежен факултет-Скопје и ЈКП Нискоградба Битола, од страна на професорот Д-р Горан Мијоски беше промовирана иновативна технологија за санација на оштетувањата на коловозните конструкции. Промоцијата беше изведена на Булевар 1-ви мај, кај потегот на Сточен пазар.
Станува збор за нова, еколошка технологија која се применува во европските развиени земји и за која се потребни : стружен матријал од асвалтните коловози, бетономешалка, адитив ,,рејувинатор" и мал ваљак за компактирање на материјалот.
Оваа постапка ќе придонеси за намалување на потрошувачката на енергија, повторно користење на струганиот матријал од коловозот за санација на ударни дупки, прекопи и други оштетувања.
Измешаниот матријал е по таканаречена ,,ладна" - брза постапка во која може да се додаде пигмент боја и би се користела за обоени патеки и паркиралишта.
По промоцијата во Штип следеше промоција и во Битола се со цел, воведување на нава технологија која ќе даде допринос за поефикасно справување со проблемите низ битолските улици и за доброто на нашите сограѓани
Нема опис за фотографијата.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани