2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Искршена таблата со бугарското знаме до новиот болдер ѕид во Градскиот парк

Јуни 23, 2023

Утрово е искршена информативната табла со бугарското знаме и логото на бугарскиот донатор поставена пред новиот болдер – ѕид за качување со трибина во Градскиот парк во Битола.

Кршењето на таблата е наменско и најверојатно со порака од сторителите кои на информативната табла го искршиле стаклото само во делот каде што стоеше бугарското знаме и логото на бугарскиот донатор, додека оставени се знамињата на Македонија и на Европската Унија.  

Во период од неполни две недели, оваа табла два пати е мета на вандали. Првиот пат со самолеплива лента само беа прикриени знамето на Бугарија, логото на донаторот и текстот за донаторот, што битолчани го окарактеризираа како „културен вандализам“. Сега, пак, велат дека вандализмот е „наменски“ оти  се искршени само деловите што ја симболизираат бугарската држава.

Првиот болдер – ѕид за качување со трибина поставен во Градскиот парк е направен со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Бугарија и Генералниот конзулат во Битола. Свеченото отворање беше на 3 јуни, годинава. Голема радост предизвика поставувањето на ѕидот и се до денска е многу посетуван особено од младите.

На таблата пишува дека е направена со „Бугарска помош за развој на министерството за надворешни работи преку Генералното конзулство на Република Бугарија во Република Северна Македонија Битола- 2022-2023 година“. Искршено е логото на Бугарска помош за развој и сликата со знамето на Република Бугарија.

Години наназад вандали уништуваат споменици, бисти и спомен обележја во Градскиот парк во Битола. Многу често се кршат спомен плочите или се уриваат на земја бистите на македонските херои, во неколку наврати е искршена и оштетена и таблата посветена на италијанските војници учесници на Македонскиот фронт. Оштетен беше и Рускиот крст, особено гранитот од постаментот. Сите овие споменици и обележја се наоѓаат на истата локација.

Битолчани гневни бараат полицијата да има поголема контрола на тој дел од градот, каде особено во летните месеци и за време на распустот на учениците, таму се берат многу групи на млади. Не ретко ги уништуваат и спортските терени, особено Ќумурното игралиште, каде оставаат срчи од искршени стаклени шишиња.

Досега нема откриено сторители на ни еден случај во последниот период.

А.Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани