АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Актерката од Народниот театар во Битола, Маја Андоновска Илијевски, од денеска е нов директор на Центарот за култура.
Таа е дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Андоновска Илијевски првиот ангажман во битолскиот Народен театар го имала во 2006 година, а во оваа установа е вработена од 2010 година.
Публиката ја памети од голем број театарски претстави „Обзрни се во гневот“, „Свирач на покривот“, „Слугинки„, „Обична приказна“ , „Многу врева за ништо“, „Црна се чума зададе“, “Хамлетмашина“, „Фауст“, „Сон на летната ноќ“, „Дива“, „Иванов“, „Јулие Цезар“, „Јане Задрогаз“, „Трансферату“,„ Скршената Стомна“ и др, но и улоги во серијалот Македонски народни приказни и голем број ТВ серии.
Маја Андоновска Илијевски доаѓа на местото на Зоран Димовски кој досега ја извршуваше функцијата ВД директор на Центарот за култура во Битола .