АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Клиничката болница од Битола со сопствени средства набави нов ткивен процесор на Одделот за патологија. Ткивниот процесор е апарат со кој автоматски се обработува ткивен материјал, при тоа се скратува времето на обработка, се намалува потрошувачката на хемикалии кои се користат во процесот и се добиваат квалитетни ткивни исечоци од кои се изработуваат препаратите за микроскопска дијагноза.
„Со ваквите испутувања нашата Клиника го опфајќа цел југо-западен регион, ова е голема придобивка и помош за нашите пациенти, бидејќи овој апарат е со поголем капацитет од претходниот ( 120 исечоци), апаратот е од понова генерација и има можност за повеќе програми за обработка во зависност од материјалот и потребните дијагностички процедури. Стандардната процедура при обработка е 20 часа, а најкратката за обработка на ситен ткивен материјал (кор-биопсии, ендоскопски биотичен материјал, панч биопсии) трае само три часа. Со ова се скратува времето на чекање краен резултат особено важно кај тумурската патологија, од кој резултат зависат понатамошните постапки за лекување на заболувањето“, рече Сузана Конеска, портпарол на Клиничката болница.
Ткивниот процесор е дел од современата апаратура со која во последните месеци се поднови Клиничката болница со сопствени средства, а со единствена цел поквалитетни услуги на пацинетите.