2win800x200

На иницијатива на Велевски, во Битола ќе има педесет „хуманитарни“ паркинг простори

Јуни 28, 2023
На иницијатива на битолскиот советник Горан Велевски од Левица, Советот на Општина Битола на вчерашната седница изгласа таканаречени хуманитарни паркинг простори во Битола, каде што од наплатата од паркираните возила средствата ќе бидат наменети за социјални бенефиции за наши сограѓани. 
 
 
 
-Советничката група на Левица поднесе иницијатива која беше прифатена за ослободување на 50 паркинг места со кои ЈП "Паркинзи" управува, односно хуманитарни паркинг простори кои ќе ги користат сите граѓани за хуманитарни цели!
Овие места ќе бидат обележани со црвена боја, и добро препознатливи со посебна табла со наменски број и различна зона.
Овие хуманитарни паркинг простори ќе ги користат сите граѓани, односно кога ќе се паркираат на хуманитарен паркинг простор и пратат порака на бројот на дадената табла и зона, паричните средства ќе се собираат во ставката за социјални бенефиции од буџетот на Општина Битола, каде истите ќе се доделуваат према потребите на граѓаните, односно помош на ранливи категории, болнички трошоци во странство и државата, донации и други социјални потреби, рече Велевски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани