2win800x200

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ БИТОЛА И ОСИЕК

Јуни 28, 2023

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и градоначалникот на хрватскиот град Осиек, Иван Радиќ, потпишаа Договор за пријателство и соработка, помеѓу двата градови. Збратимувањето на Битола и Осиек, има за цел подобрување на пријателските односи и соработката, особено во областа на економијата, културата, образованието, науката и другите области од заеднички интерес.

Градоначалникот Радиќ во своето обраќање истакна дека, Осиек и Битола имаат многу заеднички работи бидејќи и двата града се културни, економски, административни, спортски и трговски центри на нивниот регион.

Градоначалникот Коњановски посака оваа соработка долго да трае, нагласувајќи дека истата претставува продолжување по стапките на Јосип Јурај Штросмаер и неговата поддршка за Браќата Миладиновци пред 162 години, а дополнително се истакнува и активноста на хрватската заедница во Битола, како и македонската во Осиек.

На свеченоста, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Република Хрватска, Н.Е. Милаим Фетаи, заменик амбасадорот Маја Апостолова Балабурски, како и генералниот конзул на Унгарија Јаноа Магдо, почесниот конзул на Република Албанија во Хрватска Басри Халити како и делегации од пријателските градови на Осиек: Тузла, 13-та област Будимпешта, Нови Травник, Плоешти, Нитра и Суботица.

May be an image of 7 people, dais and text

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски, присуствуваа и на промоцијата на Зборникот „Хрватски современи поетски профили“, на македонски јазик во издание на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола, а настанот се одржа како дел од 26 Денови на Браќата Миладиновци.

Коњановски и Димитровски, учествуваа и на средбата со македонската заедница во Хрватска.

May be an image of 15 people

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани