АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утре, вторник, 11 јули и задутре, среда 12 јули, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ВТОРАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 04:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реките и водотоците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Д.Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола 047 208-100, 047 208-120, соопштија од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола