Владата на денешната седница ја разгледа и Информација за потребата од основање нова Национална установа, Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, Демир Хисар и донесе ваква Одлука.
Националната установа Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, Демир Хисар, како што е посочено во Информацијата, ќе ги одбележува деновите на Смилевскиот Конгрес, како историски настан од значење за македонскиот народ и за спомените за Даме Груев. А ќе биде сместена во објект во село Смилево, што е во сопственост на Република Северна Македонија, односно во некогашната куќа на револуционерот Даме Груев.
Смилевскиот конгрес е одржан од 2 до 7 мај 1903 година во село Смилево, Демир Хисар. Овој Конгрес според одлуките што ги донел, претставува една од значајните етапи во подготовките на Илинденското востание. Со тоа, Смилевскиот Конгрес е настан длабоко врежан во свеста на македонскиот народ, што трајно ја определил неговата иднина. А спомените за ликот и делото на Даме Груев, како и други историски личности и настани, се постојан потсетник за поставувањето на темелите на македонската државност