2win800x200

Забава со диџеи во петок на големо отворање на новиот „Stage bar“ во Старата битолска чаршија

Август 09, 2023

Епицентарот на ноќната забава во Битола овој петок (11.08.2023) ќе биде во новиот бар/ центар за настани „Stage bar’’ што ќе се отвори во Старата битолска чаршија на улица „Браќа Мингови“ број 7, одноно кај старото Калдрма, Артикултура, наспроти Аврата. Журката започнува  од 21 часот со DJ LJubisha и DJ Kox .

Младите битолчани кои го отвораат барот имаат за цел старата чаршија да ја вратат на мапата за забавни случувања во Битола. Нивна идеја е „Stage bar“ да работи само со забави во петок и сабота, воглавно си натапи на диџеи со понуда на електронска музика/hiphop и rnb или некој полесен рок и фанк. Во деновите кога барот не работи, односно нема забава, ќе може и да се користи за родендени, настани и секаков вид на прослави. Локалот е опремен клубски, со високи маси.

Овој петок не ја пропуштајте журката во новиот бар и отскокнете од просечната понуда на петочна забава во Битола.

0

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани