2win800x200

Култниот бенд „Лајбах“ на 15. Фестивал на музика од светот во организација на Центарот за култура

Август 22, 2023

Директорката на Центарот за култура од Битола, Маја Андоновска Илијески денеска  ги најави есенските  настани и активности и соопшти дека веќе е потпишан договор со атрактивната и контоверзна  музичка група Лајбах која ќе биде дел од 15 јубилејно издание на Фестивалот на музика од светот во ноември.

-Веќе е потпишан договор за бенд кој на светската мапа на бендови е запишан од 80-тите години, бил предмет на контроверзии, а потоа се докажал дека се најголемите “индустријал“ уметници на сите времиња. Ние влегуваме во нивната есенска, светска турнеа, и се наоѓаме на мапата на нивната турнеа, покрај 20 други градови, покрај Лондон, Амстердам, Малме, Прага… Станува збор за бендот “Лајбах“ кои ги поканивме во Битола по мои контакти, и веќе е потпишан договорот за настапот во Битола, а ќе биде голем целовечерен концерт. Тие веќе на нивниот спот за турнеата, ја најавија Битола, а за останатата програма од фестивалот ќе се сретнеме повторно.

Се заблагодари  за поддршката која ја добив за фестивалот “Илинденски денови“ и ги соопшти што публиката може да очекува во следниот период

- На 7 сепрември в НТБ подготвуваме концерт на битолчанецот Крсте Роџевски, познат како македонски пејач, гитарист и композитор, човек кој повеќе од 20 години живее во Њу Јорк, активен во авангардбата сцена. Тој соработуваше со Дуке Бојаџиев, со Милчо Манчевски , и мене ми е драга што тој по подолго време ќе има солистички концерт во Битола, и со него симболично ќе започнат нашите есенски активсности во Центарот за култура. Инаку, Крсте Роџевски е дел од националната програма на Министерството за култура, како проекти од национален интерес, рече Маја Андоновска-Илиевски.

На 14 септември Камерниот оркестар од Битола ќе одржи концерт посветен на “Ем-ти-ви“ каналот  со музика од 80те и 90те години,

-Овој концерт кој ќе се одржи во Центарот за култура ќе не потсети на “златното време“ на “Ем-ти-ви“ и прекрасните звуци на песните од тој период, бидејќи тоа не беше само музички период, туку и ера која што ја дефинира иднината. Сите ќе имаме шанса да ги доживееме тие историски моменти со звуците на Камерниот оркестар на Битола, кога музиката беше израз на револуција, култура и совршенство, рече Андоновска Илијески

Од 23 до 29 септември Центарот за култура ќе ги отвора вратите за Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“ кој е оваа година својата главна програма ќе ја има во Големата сала, а по завршувањето на овој Фестивал тука ќе се одржи и уште еден фестивал “Интерфест“ кој ќе започне со голем концерт на 11 Октомври, со светска атракција, додаде директорката на Центарот за култура.

Потоа во октомври и ноември следат и други насатани, тука е неделата на јапонски филм, изложбите на Драган Најдовски и Димитар Кочевски – Мичо, како и 15 по ред Фестивал на музика од светот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани