АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Технички проблеми се причината поради која Центарот за култура од Битола нема да прикажува кино проекции во наредниот период се до почетокот на најновото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во септември.
Информацијата на Фејсбук ја соопшти директорката на Центарот за култира Маја Андоновска Илијевски .
-Најпрво ви благодариме за вашиот интерес и поддршка од самиот почеток на 3Д Кино Битола, публиката е најголемата мотивација за нашата работа!
Деновиве се соочуваме со технички проблем заради кој во моментот не можеме да имаме кино проекции. Ние веднаш пристапивме кон решавање на техничкиот проблем и вложуваме максимален труд, меѓутоа до почетокот на ИФФК „Браќа Манаки“ нема да имаме проекции, соопшти Андоновска Илијевски.
Според нејзината информација „За сите кои го пропуштија филмот „Брзи и бесни: Хобс и Шо“ ќе поставиме дополнителни проекции, а на репертоар ќе биде и филмот „Си било еднаш во Холивуд“.
Илијевски со порака и до најмладата публика „Имаме и порака до најмилата публика, која навистина е загрижена: Драги деца, ви благодариме што несебично ни понудивте да ни помогнете во поправката Да, ќе го поправиме „киното“ и ќе можите повторно да го гледате „Кралот лав“ и сите други детски филмови. , пишуваа таа.