АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Педесетгодишен таксист од Битола денеска едвај спасил жива глава откако битолчанец во Горно Оризари, наводно стрелајќи во куче со пушка, го погодил и оштетил такси возилото, кое било паркирано во оваа наслебата. Таксистот за среќа минал без повреди, а случајот го пријавил во полиција. Полициските службеници, по извршениот претрес во домот и други простории на М.Н од Битола, пронашле пушка и куршуми, по што го притвориле битолчаенцот. Во продолжение соопштението од СВР Битола.
„Денеска (24.08) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола поради сомнение за сторено кривични дело „предизвикување на општа опасност" по чл.288 од КЗ извршиле претрес, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Битола, во дом и други простории кај М.Н. од Битола, при што се пронајдени и одземени една малокалибарска пушка и 9 куршуми. Претходно, денеска (24.08.) околу 12.30 часот во СВР Битола Т.В. (50) од Битола, пријавил дека додека како такси возач бил паркиран во населба Горно Оризари во Битола со патничко моторно возило "голф" со битолски регистарски ознаки, слушнал истрел, а куршумот го оштетил задниот дел од возилото. По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го лишила од слобода М.Н., кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, синформираат од СВР Битола. .