АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жестоки реакции на социјалните мрежи предизвика веста што ја објави апла.мк дека малолетници во алкохолизирана состојба, возејќи скутер со огрмна брзина на Шеталиште, прегазија куче кое мирно спиело. Бараат да се казнат малолетниците, затоа што, велат, доколку не се санкционира ваквото однесување, тоа создава поголеми проблеми и несреќи во иднина. Граѓаните вината ја лоцираат во органите на прогонот, но и кај родителите, затоа што децата биле надвор и без контрола во 3 часот по полноќ, а се однесувале недолично, но и опасно.
„Да убиеш невино суштество така , оти ти паднало на ум или да се направиш мангуп, утре другиден по дискотеки во друго насилство ќе прерасни, и се знае како завршуваат таквите... После ќе плачат родителите, ама вината е нивна. Оти се учат и се воспитуваат децата од мали, ама кој да ги научи..“., стои во една од рекациите на социјалните мрежи.
Битолчани бараат поенергични рекации од полицијата, велат потребно е да се вратат маалските полицајци и да бидат присутни посебно во вечерните часови, оти не е првпат младите да дивееат и вандалистички да се однесуваат.
„До кога ќе има вакво дивеење, секој ден е ова на шеталиште, денес куче, утре човек. Па дали имаме полиција, ова да се казни и забрани? Град за срам сме и резил. И ние сме биле млади, по шеталиште секогаш имаше полиција, а сега се е башибозок, пишува битолчанка.
Исто така, бараат да се воведе ред на Шеталиште и да се почитува забраната за движење на возила, велосипеди, мотори по пешачката зона.
„Треба под итно да се врати забраната за возење на велосипеди и мотори пои шеталиштето, како што си беше на времето. Родителите и дедовците не можат да си ги дочуваат децата и внуците по шеталиште, пишува граѓанин
Некои, пак, кои се повеќе упатени во случајот и заедно со Здружението за заштита на животните „Мали херои“ го пријавија настанот во полиција, велат дека сторителите се обидуваат да се извлечат од ситуацијата
„Во полицијата веќе знаеа. И смешно им беше (не сакааа да направат записник и да поднесат пријава), пишува битолчанка.
„Полицијата мора да си ја заврши работата според закон и на тоа ќе инсистираме“, вели друга граѓанка.
Апла.мк вчера ја праша битолската полиција, дали случајот е пријавен и што е преземено, но одговор не добивме.