2win800x200

Прес конференција на Методија Илиевски од централното седиште на СДСМ во Скопје-Битолчани ќе добијат буџет за изградба на капитални објекти, а не желботека на Коњановски

Август 26, 2023

Прес конфернција на Методија Илиевски во централното седиште на СДСМ во Скопје на тема надминување на состојбите во Советот на општина Битола. Илиевски порачува - Битолчани ќе добијат буџет со проекти за изградба на капитални објекти, а не желботека на Коњановски. 

 

На предлог на СДСМ и коалицијата, Советот на Општина Битола донесе одлука со која започнуваат со работа работните групи кои ќе го изработат ребалансот на буџетот. Во него ќе бидат содржани сите амандмани што советниците ги изгласаа едногласно пред повеќе од еден месец, а кои градоначалникот Тони Коњановски не сакаше да ги вклучи во буџетот на општината. Инаетот на Коњановски уште еднаш е поразен во општинскиот совет на Битола. Битолчани ќе добијат буџет со проекти за изградба на капитални објекти, а не желботека на Коњановски и ДПМНЕ за задоволување на нивните лични и партиски интереси! Одлуката на Советот уште еднаш потврди дека СДСМ и коалицијата се во право кога тврдат дека Коњановски нема ниту план, ниту визија за развој на Битола. За нецели две години, од општинската каса потрошени се над 50 милиони евра, а Коњановски нема започнато ниту еден од капиталните проекти што ги ветуваше. За својата неспособност Коњановски ги обвинува советниците. Се расправа со неистомислениците и нема никаков капацитет за соработка во интерес на Битола. На општинската администрација ѝ забрани да комуницира со нас, советниците без негово одобрување. Негови најблиски соработници се закануваат на советници. Тоа е вистинското лице на Коњановски и ДПМНЕ! Во Битола се вратија најцрните денови на груевизмот! Советот на Општина Битола е единствениот бастион кој може и мора да застане на патот на Коњановски и ДПМНЕ. Затоа, уште еднаш ги повикуваме сите политички партии на соработка! Да го прекроиме буџетот на Битола по мерка на граѓаните!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани