2win800x200

В недела СВР Битола воведува посебен режим на сообраќај за време на спортската манифестација "Трчај бе"

Септември 01, 2023

Известување до јавноста

 
СВР Битола ги известува граѓаните на Битола дека,  на (03.09.2023),недела во времето од 07.00-13.00 часотво Битола ќе се одржи  спортската манифестација "ТРЧАЈ БЕ" ,поради што СВР Битола ќе воведи посебен режим на сообраќај и тоа на следните релации:
Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула – „Бул. 1-ви Мај“ од страната на Музичко училиште се до кружниот тек кај Педагошка – улица „Генерал Васко Карангелевски“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро – улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“ 
– Бул. „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола – ул. „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие – ул. „Батаљон Стив Наумов“ – ул. „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“ – ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата – ул. „Солунска до ул. „Широк Сокак“ .
Се замолуваат граѓаните на Општина Битола да ги почитуваат насоките кои ги даваат полициските службеници за непречено одвивање на сообраќајот и манифестацијата.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани