АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во текот на изминатата ноќ и рано утрово, во периодот од 23:30 до 02:10 часот, полициски службеници од СВР Битола спровеле акциска контрола на подрачјето на Битола во угостителски објекти. Во еден објект во Битола затекнати се 50 малолетници по полноќ, од кои 18 консумирале алкохол. Тие се предадени на нивните родители, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.Синоќа во 22.15 часот полициски службеници од СВР Битола во угостителски објект во Битола ги лишиле од слобода Л.К.(31) од Скопје и В.М.(22)од Битола, кај кои е пронајдена бела прашкаста материја.