АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 14 септември, Битолскиот дувачки оркестар имаше успешен настап на „Брас бенд фестивалот“ во Плевен Бугарија.
Битолскиот дувачки оркестар ја имаше честа да го отвори овој фестивал во бугарската општина Плевен, која е збратимена со нашиот град.
Како што велат музичарите од оркестарот, концертот помина во одлична атмосфера и со многу овации. Како солисти на концертот беа Јасна Димитровски, Стефан Тасевски и познатиот кларинетист од Бугарија, Борислав Јоцов.
- Атмосферата беше одлична, публиката беше одлична и добивме навистина одлична повратна информација. Нашиот настап беше проследен со многу овации, така што, мило ми е што бевме дел од овој фестивал - вели Стефан Тасевски, кој настапи како солист на фестивалот.