2win800x200

Децата од дневниот престој во Новаци на градоначалникот Љубе Кузманоски му подарија рачно изработена новогодишна честитка

Декември 27, 2018

Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски заедно со Дедо Мраз ги израдуваа најмладите од општината подарувајќи им новогодишни подароци и пакетчиња. Новогодишната приредба денеска беше организирана во Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци.

Градоначалникот Кузманоски на дечињата и персоналот од центарот им посака многу радосни и убави моменти во новата година .Во знак на благодарност децата од дневниот престој на градоначалникот му подарија рачно изработена новогодишна честитка .

“ Денес сум со дечињата од Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци каде заедно со пригодна новогодишна приредба го означуваме стартот на новогодишните и божиќните празници . Нема поубаво нешто од чисти , искрени и радосни насмевки кои блескаат на детските лица. Како локална самоуправа обезбедивме новогодишни пакетчиња за сите ученици од Централното училиште и 8 –те подрачни училишта , како и новогодишни подароци и за дечињата од Центарот за дневен престој . Водиме грижа и за социјалните семејства за кои обезбедивме исто така новогодишни пакети.Општината и во новата година ќе продолжи со реализација на многу проекти со цел подобрување на условите и унапредување на образовниот систем во училиштата .Веќе во новата година и тоа за многу брзо време Центарот за ран детски развој ќе прерасне во градинка со целодневен престој со многу подобри услови , поголем капацитет и персонал кој ќе обезбеди подобра грижа и услуга .-истакна градоначалникот Кузманоски.

novaci deca

48369027 1894633390635982 1534199108821057536 n 1

 

48982066 628874170866317 1586106137940328448 n 1

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани