АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во чест на лауреатот и оскаровец Питер Бижу, директор на фотографија на антологискиот филм „Пинк Флојд: Ѕидот“, синоќа на свечената церемонија на отворање на фестивалот „Браќа Манаки", детскиот хор „Ѕвончиња", кој беше дел од перформансот во режија на Дејан Пројковски, заедно со членови на ЗЏМ, ги изведоа „Аnother brick in the wall“ и „Time“ од „Пинк Флојд“.
Исклучително тешка и одговорна задача имаа „Ѕвончињата" на сцената синоќа. И не е изненадување што, под раководство на Марина Коруновска, одговорија со висок професионализам овие мали, но, толку големи амбасадори на музиката и на нашиот град. Најважно од се е што исклучително моќниот настап предизвика бура емоции кај присутните во салата во Центарот за култура, но и кај гледачите кој го следеа директниот пренос од отворањето.
Малкумина имаат можност да бидат дел од од еден Меѓународен фестивал како што е „Браќа Манаки", со што учеството на Ѕвончињата во церемонијата на отворање е од огромно значаење за децата, за школата, за Марина Коруновска, но и за градот. Сепак, напорната работа сите изминати години на целиот тим од школата дава сериозни резултати и успешни настапи. На малите, но големи Ѕвончиња им посакуваме да се искачуваат високо на скалите на успехот.
Е.М.