Во последните 48 часа, 40 пожарникари од територијалната противпожарна единица, со 10 возила, постојано се на терен и покрај сите околности со кои се соочуваат успешно се справуваат со пожарите кои деновиве избувнаа во повеќе рурални места во општините Битола, Могила и Новаци.
Голема благодарност за брзата интервенција на нашите екипи, кои уште еднаш ја покажуваат на дело својата професионалност и
пожртвуваност во заштитата на населението, природните и материјалните добра. Повторно, брзи и експедитивни, во секој момент се на висина на задачата. Со нивната интервенција спречени се катастрофални последици.
Драги пожарникари, огромно Благодарам за целиот Ваш ангажман.