АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Апелационен суд Битола недостигаат седум судии. Судскиот совет на денешната 455 седница ја разгледа анализата за потребниот број на судии во Врховен, Виш управен и четирите апелациони судови во Скопје, Битола, Гостивар и Штип.
Анализата го покажува оптималниот број на судии во секој од судовите за навремено и ажурно постапување, согласно приливот на предмети и ќе биде користена како основа при објавувањето огласи по судови низ државата.
Според анализата во Врховен недостигаат десет судии, во Виш управен суд четири судии, во Апелационен суд Скопје 36 судии, во Апелационен суд Битола седум, во Апелационен суд Гостивар два и во Апелационен суд Штип четворица судии.