АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младински културен центар – Битола во партнерство со СФЕРА Интернешанал организираше завршен настан за проектот „Локален волонтерски сервис“.
Проектот „Локален волонтерски сервис“ на Младински културен центар – Битола се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Проектот „Локален волонтерски сервис“ е кофинансиран од Општина Битола
На настанот што се одржа во хотел „Милениум“ ‒ Битола, на исто место беа собрани 50 волонтери на Локалниот волонтерски сервис, коишто беа вклучени во имплементацијата на проектот и истите имаа можност да ги споделат своите впечатоци и да добијат сертификати за својот волонтерски ангажман. Сертификатите им ги додели Градоначалникот на Општина Битола. Од реализацијата на проектот беше изработена и видео-сторија којашто накратко ги сублимира сите активности од проектот и истата беше промовирана на самиот настан.
Локалниот волонтерски сервис претставува организиран облик на општествена партиципација којшто вклучува млади луѓе од Битола на возраст од 16 до 29 години. Во имплементацијата на проектот беа вклучени вклупно 200 волонтери. Идејата за формирање на ваков сервис е да се стимулираат волонтерски активности и да се зголеми бројот на млади кои ќе се вклучат во доброволна работа во локалната заедница.
Членовите на Локалниот волонтерски сервис во периодот ноември 2022 ‒ јануари 2023 учествуваа на циклус од 4 обуки:
1. Јакнење на капацитети за волонтерски менаџмент
2. Јакнење на капацитети за видливост и промоција
3. Работилница за дизајн на волонтерските акции по методот на дизајн тинкинг (Design Thinking)
4. Работилница за видливост и промоција
На обуките од страна на учесниците беа идентификувани 5 локални проблеми и преземени 5 волонтерски акции за подобрување на условите за живот во Битола:
По повод 5-ти Декември – Меѓународниот ден на волонтерите, во склоп на проектот беше организирана јавна дискусија со наслов „Волонтирање на фестивали vs. волонтирање во заедницата“.
Преку овие активности и спроведената кампања за промоција на волонтирањето се очекува да се оствари промена во генералниот однос и перцепциите на младите во однос на волонтирањето, зајакнување на нивното знаење за придобивки од волонтирањето, а со тоа да се зајакне и учеството на младите во развојот на локалната заедница.
Проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ на Младински културен центар – Битола се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).